January 27, 2021 08:56
Македонија

Владата предводена од СДСМ обезбедува успешен и безбеден наставен процес – 88% од учениците следат настава на далечина

Владата предводена од СДСМ и во време на сериозна пандемија, обезбеди  непречен тен на образовниот процес, како со учење на далечина, така и со физичко присуство на учениците и наставниците во училиштата.

Онлајн наставата без поголеми потешкотии ја следат 88% од учениците, а овој процент од почетокот на учебната година е зголемен за 18%, благодарение и на иницијативите на локалните самоуправи кои за исклучително краток период, преку донации обезбедија ИТ уреди за учениците и наставниците кои ја немаа потребната опрема.

За останатите ученици коишто немаат можност да следат онлајн настава, секојдневно се емитуваат 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија на македонски и на албански јазик, но и наставниците имаат обврска да доставуваат печатени материјали до децата и на дневно ниво да комуницираат и да го следат нивниот напредок во совладувањето на материјалот.

Во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство на учениците и наставниците, под строго утврдени протоколи и алгоритми.

Учениците и наставниот кадар кои се вклучени со физичко присуство во образовниот процес треба да продолжат доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од коронавирусот со тоа да го заштитат сопственото и јавното здравје.

Владата предводена од СДСМ со одговорен и системски пристап со овој комбиниран модел, обезбеди успешен старт на учебната година и успешен наставен процес.

СДСМ продолжува одговорно и посветено да работи во интерес на учениците и наставниците.

Watch Sword Art Online Alicization War of Underworld Episode 6 (https://animeplanet.cc/m/rAgd/ep-6) at website https://animeplanet.cc anime planet mob psycho

Watch The Irregular at Magic High School: Visitor Arc (Dub) Episode 4 (https://animeheaven.pro/m/Xk6Z/ep-4) at website https://animeheaven.pro animeheaven dragon ball z