November 30, 2020 02:57
Македонија

Владата на Северна Македонија ќе ја одржи редовната 21-ва седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12:30 часот, преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 21-ва седница. Во рамки на 21-та седница, меѓу повеќето точки од својата програма за работа и од интерес за граѓаните, Владата на дневен ред за разгледување ги има предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.На предлог на Министерството за финансии, Владата на дневен ред за разгледување ги има и Предлогот на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје”, како и Предлог – одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година (120.000.000 денари на Град Скопје, како неповратна финансиска помош за реконструкција на Универзална сала-Скопје).
За одлуките и заклучоците донесени на 21-та седница на Владата, ќе информираме со соопштение по нејзиното завршување.