February 2, 2023 21:56
Балкан

Владата на Косово демантира дека на северот од земјата се испратени специјални полициски единици

Владата на Косово ги демантираше информациите објавени од српските медиуми дека специјални полициски единици биле испратени на северот на Косово.

-Се работи само за обичната полиција, не за која било друга единица, изјави портпаролот на косовската влада, Перпарим Криезиу.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на Фејсбук напиша дека полицијата има мандат и задача да обезбеди безбедност, да го гарантира редот и владеењето на правото.