January 24, 2021 13:51
Македонија

Владата на денешната седница ќе го разгледува Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање

Владата на Република Северна Македонија, денеска, (24.11.2020 година) со почеток во 12:00 часот, преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 24-та седница.

Во рамки на седницата, меѓу повеќето точки од својата програма за работа и од интерес за граѓаните, Владата на дневен ред за разгледување ги има Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија.

За разгледување, на денешната Владина седница е и Информацијата за текот на преговори за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки.

За одлуките и заклучоците донесени на денешната 24-та седница на Владата, ќе информираме со соопштение по нејзиното завршување.