January 27, 2020 15:48
Македонија

Владата наложи да се обезбедат живеалишта за семејствата погодени од пожарот во Шуто Оризари

На денешната седница на Владата, Министерството за труд и социјална политика е задолжено да додели финансиска и друга помош за семејствата чии домови беа уништени во пожарот со трагични последици во Шуто Оризари, кој се случи на 10 јануари.

На седницата им е препорачано на Генералниот Секретаријат на Владата и на Министерството за труд и социјална политика да ги разгледаат можностите за обезбедување на живеалишта за погодените семејства.

Во пожарот во скопската населба, загинаа две деца на возраст од три и една и пол година.

Нови вести

Разрешен врховниот судија Ристо Катавеновски

Igor

ЕСМ и РЕК Битола ги демантираат тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Igor

Оперативниот план за вработување со буџет од 1,45 милијарди денари опфаќа над 11.500 лица

Igor