January 27, 2022 06:55
Македонија

Владата му го продолжи мандатот на Бучковски

На предлог на Комисијата за именување, Владата на денешната седница го именува проф. д-р Владо Бучковски за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година.

Неговото назначување дојде во период кога Скопје прави напори за изнаоѓање решение со Софија, која се заканува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Бучковски во последното негово појавување во јавноста пред неколку дена, изјави дека мора да се биде претпазлив кога се подгреваат очекувањата на јавноста во однос на можноста за деблокада на пристапниот процес на земјава во ЕУ веќе во декември.

-Изгледаше возможно дека ќе има нова влада во Бугарија до 14 декември, иако сега се почесто се споменува 25 декември како можен термин за тоа. Така што, има малку време за декемрви. Но, иако нема политичка влада, и претседателот Радев, и службениот министер за надворешни работи Стоев, и бугарскиот амбасадор во ЕУ Александров говорат дека има потреба нешто конкретно да направи Република Северна Македонија на краток рок, а другите прашања долгорочно да останат за во Преговарачката рамка. Треба да видиме што значи тоа, рече Бучковски.

Бучковски беше некогашен лидер на СДСМ, премиер и министер за одбрана. Тој по професија е правник и професор по римско право.

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

Pokémon Journeys: The Series Episode 88

4anime tv Dragon Ball Z (Dub)

4Anime Pokémon Journeys: The Series Episode 89

4Anime My Hero Academia Season 3 (Dub) Episode 20