January 24, 2021 06:05
Македонија

Владата денеска ќе ја одржи 25-тата седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 25-та седница со повеќе точки на дневен ред од интерес на граѓаните и од својата програма за работа.

На денешната седница пред министрите ќе се најде Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, чиј предлагач е Министерството за финансии.

На предлог на Министерството за економија на оваа седница ќе се утврдуваат и Предлогот за закон за развој, производство и промет на воени стоки, како Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење трговски регистар и регистар на други правни лица. На денешната седница ќе биде разгледана и ставена на усвојување Предлог – програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2020 година.

На дневен ред на денешната седница, меѓу другото, е и Информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023 година.

Денешната редовна 25-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да се одржи во 12:00 часот преку видео-конференциска врска, а за заклучоците и одлуките јавноста ќе биде известена преку соопштение.

Higurashi: When They Cry – Gou Episode 16 at AnimeHeaven bleach anime heaven

Watch The Irregular at Magic High School: Visitor Arc Episode 2 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll++ 2020