March 3, 2021 21:42
Економија Македонија

Владата ги објави платите на премиерот и министрите за декември

Владата на својата официјална веб-страница објави список со износот на платите на премиерот, вицепремиерите и министрите кои им биле исплатени за декември. Највисоки плати имаат премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на претседателот на Владата, замениците на претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок, наведуваат од Владата во објавата.

Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87.813 денари. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години. По премиерот, највисока плата има министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85.113. Спасовски има работен стаж од 18 години.

Трета, според висината на платата е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, чија плата изнесува  74.273 денари. Министерката има најдолг работен стаж во траење од 28 години.

По министерката Шахпаска, според податоците од Владата, следни по висина на плата се министерките за одбрана и за култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска. Шекеринска има плата од 72.989 денари, а Стефоска 72.670. Министерката за одбрана има работен стаж 24 години, а министерката за култура 23.

Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи. Нивната плата е идентична и изнесува 71.385 денари. Двајцата вицепремиери имаат и ист работен стаж од 19 години..

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби зема плата од 70.102 денари. Вицепремиерот има 15 години работен стаж.

Најниски плати во Владата имаат министрерот за животна средина Насер Нуредини – 65.612 денари и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири 65.292 денари.

Horimiya Episode 2 at ANIMEFLIX animeflix haikyuu

Watch Bleach (Dub) Episode 211 (https://animeplanet.cc/m/6pnk/ep-211) at website https://animeplanet.cc www anime planet com sign up