February 26, 2021 23:24
Свет

Владата во Холандија поднесе колективна оставка поради лошото управување со субвенциите за згрижување деца

Владата во Холандија на премиерот Марк Руте си поденсе колективна оставка поради лошото управување со субвенциите за згрижување деца, што, според резултатите од парламентарната истрага, доведе илјадници семејства во финансиска пропаст, пренесе „Dutchnews“. Во извештајот се наведува дека околу 10.000 семејства морале да вратат десетици илјади евра субвенции откако погрешно биле обвинети за измама, што довело до зголемување на невработеноста, банкрот или развод.

Притисокот врз владата за оставка се интензивираше оваа недела, бидејќи коалициските партнери рекоа дека е потребно посериозно да се разгледа опцијата, а лидерот на опозициската Лабуристичка партија поднесе оставка поради неговата улога во аферата.

Руте потврди дека му ја предал оставката на неговата влада на кралот Вилем-Александар.
Според холандската телевизија НОС, ова е првпат на овој крал да му се понуди оставка на премиерот.

Кабинетот на Руте втор пат поднесува оставка. Првиот пат тоа го стори во 2012 година. Тогаш на чело на државата беше кралицата Беатрикс. Премиерот Руте на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела деценија е срамна.

Кризата изби само два месеци пред парламентарните избори на 17 март.

Akudama Drive (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/XEJj) Episode 4 at website https://crunchyrollfree.com free crunchyroll premium 2020

The Promised Neverland (Dub) (https://animeplanet.cc/m/bqvj) Episode 12 at website https://animeplanet.cc anime planet my hero academia