January 22, 2020 18:36
Македонија

Владата бара од институциите до петок информација за реализацијата на препораките од УНЕСКО

Владата денеска на седница ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за светско културно и природно наследство на Охридскиот регион и ги задолжи сите релевантни државни институции најдоцна до петок да достават информации за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО.

– Во заклучоците на Владата по ова прашање е и препораката до општините Дебрца, Охрид и Струга да се интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО и да ги примат претставниците на УНЕСКО во склоп на Реактивната мисија за 2020 година, се наведува во владиното соопштение.

Исто така, Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8 што ја има предложено Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017-та година.

Нови вести

ЗНМ: Да се поништи конкурсот за нови членови во Надзорниот одбор на МРТ

Filip

Индекс на демократија на „Економист”: Северна Македонија на 77. место во категорија „хибридни режими”

Filip

Генералниот секретар Николовски: Искористеноста на ИПАРД 2 од 99 отсто е доказ за успешните земјоделски политики на СДСМ

Filip