October 25, 2020 01:01
Македонија

Витаминот Д најмногу помага за превенција и лекување од коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ Сител, изјави дека витаминот Д најмногу помага за превенција, но и за лечење од коронавирусот.

-Витамин Д најмногу помага, не само во превенција, туку и во третман на болеста. Одлични резултати имаат тие пациенти кои се лекуваат со висока доза на витамин Д, изјави Филипче, и додаде дека кај нас нема недостаток на ниту еден лек.

За големата смртност од вирусот, Филипче повтори дека тоа најмногу се должи на задоцнетото доаѓање во болница.

-Пациентите самите се решаваат да се лекуваат и покрај нашите апели и барањата на матичните лекари да се јават во болница. Тоа го констатираме по тоа што навистина на приемот во болница, толку се лоши параметрите на сатурација со кислород, што и да се направи, за жал не може да им се помогне, вели министерот за здравство.