December 7, 2022 20:19
Македонија

Вистината е дека Зечевиќ и Ковачевски имаат бизнис интерес од турскиот фаворит на Арсовска, затоа лажат и манипулираат

СДС и Арсовска го загрозуваат проектот за пречистителна станица заради лични бизнис интереси.

Вистината е дека Зечевиќ и Ковачевски имаат бизнис интерес од турскиот фаворит на Арсовска, затоа лажат и манипулираат

Скопјани се жртва на алчноста на СДС и Данела Арсовска. Проектот за пречистителна станица од страна на Златко Перински е воден согласно препораките на ЕИБ, што и го потврдија од банката, за разлика од него, Арсовска сакала да влијае во постапката и менува Комисија среде процес.

Желбата за криминал на коалицијата СДС и уценетата Арсовска го руши имиџот на градот Скопје пред меѓународните институции.

Дека СДС и Арсовска лажат потврди и ЕИБ, а тие се штитат помеѓу себе заради провизиите на Арсовска и нејзиниот турски фаворит.

Доколку имаше криминал, со вакво партизирано обвинителство и МВР, одамна ќе имаше епилог.

Се што прави СДС е во ек на најголема криза, наместо да работи, троши народни пари за црна кампања против Мицкоски, расфрлајќи над 100 илјади евра за билборди, флаери и реклами.

СДС се уплашени за својот рејтинг, кој е на дното заради нивната неспособност, неработа и антидржавно делување.