December 6, 2022 22:24
Свет

Висок функционер на Олимпискиот комитет на Јапонија се самоубил, скокајќи пред воз

Висок функционер на Олимпискиот комитет на Јапонија, Јашуши Мори, се самоубил утрово скокајќи пред возот на метрото, објавија медиумите повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата ги истражува мотивите поради кои Морија (52) извршил самоубиство, се наведува во извештајот. Еден од официјалните лица на Олимпискиот комитет на Јапонија во петокот на 4 јуни изјави дека земјата е под притисок да ги одржи Олимписките игри во Токио, иако јавноста се спротивставува на тоа поради пандемијата на Ковид-19.

Новата анкета покажа дека половина од граѓаните веруваат дека Игрите ќе се одржат ова лето. Почетокот е планиран за помалку од два месеци.

Јапонското Министерство за здравство во јануари 2021 година објави дека има пораст на бројот на самоубиства за прв пат во повеќе од десет години. Официјални лица соопштија дека 20.919 лица извршиле самоубиство во 2020 година, што е зголемување за 3,7 проценти во споредба со претходната година. Особено се зголеми стапката на самоубиства кај жените и децата.

Научниците и другите експерти веруваат дека пандемијата на коронавирусот е една од главните причини за овој проблем.