July 17, 2019 12:59
Ракомет

Вирусот му го крои составот на Вујовиќ

Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Веселин Вујовиќ, има големи проблеми со составот на пријателските натпревари со Франција.

Словенците се спаринг партнери на Франција која се подготвува за настап на претстојното Светско првенство. Словенија, на претходниот мундијал, го освои третото место, но во Германија и Данска нема да го брани бронзениот медал.

Слоенците, во баражот не успеаја да ја минат Унгарија.

Словенците, во првиот подготвителен натпревар убедливо беа поразени во Франција 34:25. На овој меч неколкумина играчи, вклучувајќи го и селекторот Вујовиќ имаче здравствени проблеми (вирус), а поради грип Жига Млакар воопшто не отпатувал со репрезентацијата.

„Лошата партија се должи на вирусот кој покоси половина од репрезентативците. Сигурен сум дека вториот меч ќе го одиграме многу подобро. Ќе се обидеме да го подигнеме нивото на нашата игра. Словенија заслужува подобар резултат“, рекол Вујовиќ.

Вториот контролен меч Словенија и Франција ќе го одиграат вечерва.

Нови вести

Словенецот Пелко стана „вардарец“

24info

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

24info

Познати ривалите на Вардар во новата сезона од ЛШ

24info