June 21, 2021 19:05
Македонија

Виртуелен студентски хакатон за борба против сива економија во е-трговијата

„Хакирај ја сивата економија во е-трговија” е наслов на дводневниот хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија кој започна вчера, а на кој учествуваат студенти од Економскиот Факултет – Скопје и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.

Овој хакатон е организиран од Асоцијацијата за е-трговија, односно невладиниот сектор, со поддршка на приватниот сектор, во соработка со академијата, студентите од ФИНКИ и Економски факултет скопје и со вклучување и на претставници од владиниот сектор кои ќе бидат дел од менторите на хакатонот.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Нина Ангеловска, како главен организатор на отворањето на хакатон посочи дека само преку холистички пристап и вклученост на сите засегнати страни можеме да ги адресираме големите проблеми и да ги поместиме работите.

– Се надевам дека овој хакатон ќе претставува успешен пример за одлична соработка помеѓу приватниот сектор, невалдиниот, владиниот сектор и академијата за изнаоѓање на солуции кои ќе придонесат во справувањето со големи општествени предизвици, како што е сивата економија. Овој викенд студентите имаат можност да придонесат и да бидел од промена, додека запознаваат нови луѓ, работат на решенија и се натпреваруваат, порача Ангеловска.

Регионалната директорка на Мастеркард, Вања Манова истакна дека сива економија е непријател на владата, на бизнисот, на сите нас.

Како што рече, сите заедно мораме да најдеме начин како да го победиме непријателот.

-Додека ги креирате решенијата имајте ги предвид електронските плаќања кои практично ја оневозможуваат сивата економија. Верувам во моќта на младите мозоци, бидете силни, храбри и мудри, им порача Манова на студентите во своето обраќање.

И заменикот на Претседателот на Влада за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во своето обраќање ги охрабри студентите на ваков иновативен начин да дојдат до решенија кои ќе влијаат за намалување на сивата економија во е-трговијата.

На хакатонот учествуваат 50 студенти поделени во 10 студентски тимови кои работат на две категории на предизвикот „Како да се намали сивата економија во е-трговија?” и кои креираат солуции за борба против сивата економија во е-трговија.

Хакатонот ќе трае до недела, 16 мај, по што ќе се одберат победничките тимови во двете категории „Едуцирај и мотивирај” поддржан од НЛБ Банка Скопје и “Детектирај и сузбиј” поддржан од Касис АД Скопје. За победничките решенија има награден фонд од 3000 евра, кои ќе им послужат за имплементација на решенијата.

Хакатонот се реализира со поддршка од главниот партнер Mastercard, златните партнери Касис АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, дигиталниот партнер – A1 Македонија, како и со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на компаниите Ендава, Хаселт, Ред Бул, Кликни јади и Нескафе Македонија.

AnimeHeaven animeheaven dragon ball: Attack on Titan Season 3 (https://animeheaven.pro/m/VZBo) Episode 12

AnimeTV good anime tv shows: Don't Toy with Me, Miss Nagatoro Episode 5