February 19, 2020 03:08
Македонија

Вирозата ги скрати часовите на гевгелиските ученици

Од околу 2.500 ученици во гевгелиските основни училишта и средното училиште „Јосиф Јосифовски” поради вирусни болести вчера наставата не ја следеле 472 ученици или една петина од вкупно запишаните.

Од училишните управи потврдија дека учениците отсуствувале поради висока температура, кашлање и настинка, причини за кои докторите велат дека се карактеристични за вироза.

Најголем број ученици отсуствувале во ОУ „Крсте Миирков” од Гевгелија каде што од 753 запишани, наставата не ја следеле196 ученици. Зголемен број отсуства бил регистриран и во останатите училишта во кои повеќе од 20 отсто од учениците поради болест не ја следеле наставата.

Со актуелната ситуација училиштата ја запознале подрачната единица на Центарот за здравје во Гевгелија од каде што велат дека се уште нема услови за прогласување епидемија и прекин на настава бидејќи се работело за вироза.

Во пресрет на викендот, заради зголемување на изолацискиот период во гевгелиските училишта, само денеска часовите ќе бидат скратени за 15 минути, а во зависност од состојбата во понеделник ќе се преземаат и соодветни мерки.