August 24, 2019 20:23
Економија

Винарниците ветуваат откуп на целата реколта и исплата согласно законите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска одржа работен состанок со претставници од винарските визби, а целта, како што соопшти ресорното Министерство, е навреме да се анализираат податоците во делот на планираното производство за реколтата 2019, квалитетот на родот и откупот од страна на винарниците.

Средба, се наведува во соопштението од МЗШВ, е дел од континунираните состаноци пред почетокот на бербата на винско и трпезно грозје,

Од страна на претставниците на винарниците е посочено дека се очекува стабилна година во однос на приносите и квалитетот на грозјето, со незначително зголемување на приносите во споредба со минатата година. Според првичните проценки на винарниците, се очекува откуп на околу 125 милиони килограми винско грозје.

При тоа винарниците посочија дека очекуваат целокупното произведено винско грозје од страна на индивидуалните лозари да биде откупено и согласно законските одредби ќе биде исплатено.

Министерот Димковски посочи дека Министерството заедно со Државниот инспекторат за земјоделство ќе ја следат бербата и откупот на грозјето и во текот на следните денови ќе се организира заедничка средба помеѓу лозарите и претставниците од винарските визби.

Министерството е секогаш тука доколку има потреба да се преземат соодветни мерки за целокупното грозје да биде откупено, потенцираше министерот Димковски.

Според податоците од Секторот за винарство и лозарство при МЗШВ, извозот на винско грозје бележи пораст, односно во 2018 година биле извезени 10,8 милиони килограми, а во 2017-та година се извезени 9,6 милиони килограми винско грозје. Зголемување има и во вредноста на извезено наливно и флаширано вино, односно девизниот прилив во 2018 година е за 10 отсто поголем од 2017 година и минатата година изнесувал над 50,7 милиони евра.

Нови вести

Завршени 70 проценти од гасоводниот крак Неготино-Битола

zane

„Напредни лозари”:Лозарите да ги бојкотираат откупувачите кои нема да почитуваат производствена цена на грозјето 

zane

Димковски во Словенија: Воведувањето на нови технологии за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство

zane