June 16, 2021 15:45
Спорт

Вилјареал го скроти Динамо од белата точка

Првите натпревари од четвртфиналето во второто по ранг европско фудбалско клупско натпреварување Лига Европа минаа во знакот на гостинските екипи кои забележаа три победи и едно реми. Повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, за кога настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски на Максимир е поразен од шпанскиот Вилјареал (0:1). Покрај Вилјареал на гостински победи се радуваа Манчестер јунајтед и Рома, а Славија Прага ремизираше на гостувањето кај Арсенал.

Капитенот Адеми и Ристовски го одиграа целиот меч за Динамо. Единствениот погодок беше постигнат во 44 минута, од пенал сигурен реализатор беше  Морено. Динамо Загреб постигна гол во 26. минута, но ВАР-технологијата пресуди недозволена ситуација.

Манчестер јунајтед со голови на Рашфорд и Бруно Фернандеш обезбеди убедлива предност од 2-0 на гостувањто кај Гранада.

Ајакс беше изненаден од Рома (1:2), иако прв ја затресе мрежата на калчолигашот преку Класен во 39. минута. Ајакс пропуштија шанса да зголеми на 2-0, кога Тадиќ промаши пенал, па беше казнет со резултатски пресврт кој за „римската волчица“ го обезбедија Пелегрини и Ибанез (2-1).

Арсенал поведе против Славија Прага во 86. минута со гол на Пепе, но Холес во 94. минута го изедначи резултатот на 1-1.

ANIMEFLIX animeflix plunderer: A Silent Voice (https://animeflix.nl/m/N3py) Episode Full

4Anime 4anime unblocked: Watch High-Rise Invasion Episode 5