June 28, 2022 08:48
Магазин

Викторија Бекам: Претераната виткост е старомодна

Иако е многу слаба Викторија Бекам смета дека ставот да се биде тенка по секоја цена е веќе старомоден. Поранешната членка на „Спајс грлс“ а денес модна икона – која ги има синовите Бруклин (23), Ромео (19), Круз (17) и ќерката Харпер (10) со сопругот Дејвид Бекам – е позната по својата витка фигура, но верува дека жените денес преферираат да изгледаат здраво и со облини.

Во интервју за новиот број на британското списание Grazia, таа изјави: „Тоа е старомоден став, желбата да се биде навистина слаба. Мислам дека жените денес сакаат да изгледаат здраво и со облини. Тие сакаат да имаат гради – и облини. Колку сте позаоблени, толку подобро ќе изгледаат моите фустани VB Body.“

„Секоја жена сака убав, заоблено долен дел, нели? За тоа ви треба навистина тесно здолниште што ќе ве стега во половината. Има многу такби жени во Мајами. Тие шетаат по плажата во Мајами со малку облека на себе и изгледаат фантастично.“

„Тие ги покажуваат своите тела со таква самодоверба. Сфатив дека и нивниот став и нивниот стил навистина ослободуваат“.

Низ годините Викторија го промени стилот, но и понатаму е влијателна модна икона и дизајнерка.

https://tai.go88.is/

tải sunwin online