June 23, 2021 08:05
Скопје

Викендов паркингот на Водно го искористиле 357 автомобили

Паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 357 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопшти Град Скопје.

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг” воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ANIMEFLIX one punch man animeflix: Watch One Punch Man Episode 2

4Anime haikyuu season 4 4anime: Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview