December 8, 2022 23:43
Македонија

Викендов нестабилно со пообилни врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре попладне најпрво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопската котлина во вечерните и ноќните часови времето ќе биде облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Од недела ќе дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Минимална температура ќе се движи од четири до 17, а максималната од 16 до 26 степени.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.