Скопје

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне викендов.

-Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.05.2019 (сабота) и на 19.05.2019 (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19.05.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Нови вести

Без струја делови на општина Илинден

Igor

ЈП „Комунална хигиена”- Скопје спроведува едукативни активности каде што се создаваат диви депонии

Valentina

Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови

Igor