February 17, 2019 11:24
Свет

Виетнамската „Напалм девојка” добитничка на Дрезденската натрада за мир

На Виетнамката Ким Фук Фан Ти, која веќе 50 години е позната како „Напалм девојка” од фотографијата од Виетнамската војна наградена со Пулицерова награда, денеска ќе и биде врачена Дрезденската натрада за мир, за нејзината работа како активистка.

Фотографијата ја прикажува Ким Фук, на возраст од девет години, како трча гола по пат, додека зад неа се гледаат експлозии од напади со напалм бомби во Јужен Виетнам во 1972 година.

Дрезденската награда за мир се доделува секоја година од 2010-та и покрај признание вклучува и паричен надоместок од 10.000 евра.

Ким Фук, која денес живее во Канада, е наградена поради нејзините активности за поддршка на училишта, сираци и медицински установи во повеќе делови од светот.

Related posts

Тинејџерка спаси шест луѓе од самоубиство

24info

Девојче невеста огласено на „Фејсбук“

24news

Русија бара Советот за безбедност на ОН да расправа за санкциите кон Пјонгјанг

Ivona