August 12, 2022 02:13
Македонија

(Видео) Џафери му се закани на Мицевски: Оди седи на твое место ако не си за тепање

Со 61 глас „за”, 39 „против” и без „воздржани” Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти.

Џафери побара да се гласа на дневен ред, иако претходно даде збор на двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не излегоа на говорницата. Мицевски, регираше на начинот на кој Џафери ја води седницата и на процедурите и обвини дека се гласало за дневниот ред без да биде прочитан и поделен.

Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања.

Потоа се случуваше вистински хаос, а во еден момент Џафери му се развика на Мицевски.

„Оди седи на твое место ако не си за тепање“, му порача Џафери на Мицевски.