June 24, 2021 01:55
Спорт

ВИДЕО: Ѓоковиќ во дрес на Никола Јокиќ му ја честиташе МВП наградата

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ одлучи на тренингот пред полуфиналето на „Ролан Гарос“ со Рафаел Надал да облече дрес на Никола Јокиќ, кој беше прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел на НБА лигата сезонава.

Ѓоковиќ ја искористи приликата да му честита на Јокиќ за МВП наградата преку видео објавено на социјалните мрежи.

– МВП! МВП! Ова е за мојот пријател Никола Јокиќ, „џокерот“. Ти честитам за МВП наградата, и тоа како заслужено. Ти испраќам голем поздрав од Париз, од Ролан Гарос! Те носам со себе на тренинг и се надевам дека ќе ти донесам среќа во плеј-офот. Сè најдобро, мој пријателе – беа зборовите на Ноле.

Потсетување дека Јокиќ и Нагетси ги загубија првите два натпревари од полуфиналето во Западната конференција против Феникс санс.

Како што е најавено, в петок со почеток од 17.30 часот Ѓоковиќ ќе игра против големиот ривал Надал, а претходно од 14.50 часот во Париз силите ќе ги одмерат Александер Зверев и Стефанос Циципас.

 

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Gravitation (Dub) Episode 13

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. March Comes In Like A Lion 2nd Season (https://animedao.nl/m/vqnW) Episode 22

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Kaijuu Girls Kuro: Ultra Kaijuu Gijinka Keikaku (https://gogoanime.be/m/E70r) Episode Full

KissAnime Giantbomb: https://www.giantbomb.com/profile/kissanimemx/about-me/