September 19, 2019 13:02
Свет

(Видео) Шокантен облак во форма на печурки се формира над езерото Балатон во Унгарија

Џиновски „атомски“ облак се формирал над унгарското Езеро Балатон во селото Алсоорс во петокот, пренесува „Спутник“.

Спектакуларниот феномен се нарекува „влажен микроизлив“. Дел од облакот над езерото се измешал со силен локализиран дожд, што довело до зашеметувачко виножито на површината на водата.

„Во тоа време имаше луѓе што пливаа во езерото. Облакот беше спектакуларен. Не сум видел такво нешто порано“, вели режисерката Александра Грегор.

Ваквите микроизливи можат да бидат катастрофални за авионите што летаат во тој дел, а истите генерират моќни вертикални удари од ветер, бура или дожд. Обично се видливи од неколку секунди до неколку минути.

Нови вести

Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик

Valentina

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

zane

Американски генерал: Предноста на НАТО во однос на Русија се истопи

zane