April 24, 2019 22:20
Магазин

(Видео) Шимпанза со добро смислен план побегнаа од зоолошката во Белфаст

Шимпанза искористија гранка за да побегнат од нивното живеалиште во зоолошката градина во Белфаст, северна Ирска, во саботата. Чуварот на зоолошката градина наместо да ја признае вината, за немилиот настан ја обвини бурата.

Имено, тој посочил дека силниот ветер предизвикал кршење на гранки од дрвјата, кои им овозможиле на шимпанзата да остварат билска средба со посетителите, пишува „Сан.

Мајмуните собрале една поголема скршена гранка и ја искористиле истата како скала, за да се искачат по високиот ѕид и да побегнат.

Слики и снимки од овој настан се појавија и на социјалните мрежи. Посетителите биле шокирани и вознемирени кога го виделе шимпанзото на патеката во центарот на паркот.

Други мајмуни биле снимени како седат на ѕидовите. Големото бегство завршило кога службата успеала да ги врати животните во нивното живеалиште.

Нови вести

Нина Бадриќ се сончаше на Карибите и пееше со Kool & The Gang

Filip

Huawei во првиот квартал со приход од 26,7 милијарди долари, 39% поголем во однос на истиот период лани

Igor

(Видео) Двеиполгодишниот Роман е најслаткиот готвач кој прави од пица до смуди

Igor