Магазин

(Видео) Чудо во Колумбија: Верници не го почитуваат карантинот, се молат на дрво на кое се покажал Исус

Десетици верници во Колумбија ја прекршиле наредбата за карантин и излегле од своите домови за да ја видат, како што тврдат, сликата на Исус Христос на едно дрво. Сликата била забележана во неделата во градот Маганге на тропското дрво цеиба, чии раширени гранки навистина потсетуваат на распетие, а на трупот од дрвото може да се види облик што потсетува на ликот на Исус.

 

Фотографиите покажуваат дека верниците се собраат во голем број за да го видат ова „чудо“ и да го фотографираат и да се молат.

Властите се многу загрижени за новото место за аџилак, каде се собира многу народ кој пали свеќи и се моли на Исус од дрвото да ја прекина епидемијата.

 

Локалниот бискуп не го коментирал случајот.