August 20, 2022 02:21
Спорт

(Видео) ЦСКА направи спектакл од пристигнувањето на Рајковиќ во Москва

Македнскиот кошаркарски стратег, Емил Рајковиќ е новиот тренер на рускиот гигант ЦСКА Москва со кого потпиша двегодишен договор. Рајковиќ веќе пристигна во Москва каде уште на аеродромот беше пречекан од луѓетво во клубот кои направија вистински спектакуларен дочек и сето тоа го овековечија со видео запис. Рајковиќ уште на аеродромот ја испрати првата порака што очекува со новиот клуб.

-Почестен бев, но не и изненаден затоа што ова беше процес, имавме разговори, преговори со управата. Горд сум и искрено за мене ова е голема чест. Ова е шанса да работам со еден од најдобрите клубови на светот. Ќе биде предизвик и можност да бидам дел од семејството на ЦСКА. Сакам да ги поздравам и ги повикам навивачите да дојдат на нашите мечеви, да имаме убаво шоу. Се надевам дека оваа година, ќе покажеме кошарка која ќе биде интересна и возбудлива, но и ќе ја вратиме титулата во клупските витрини, изјави Рајковиќ.