Поради откривањето на најновиот вид коронавирус, за кој експертите стравуваат дека е позаразен од сојот делта, ЕУ ги забрани летовите од Јужна Африка, каде што е откриен.
СЗО денеска ќе одржи итен состанок по повод појавата на новиот вид коронавирус.
Некои земји веќе почнаа да ги откажуваат летовите од тој дел на светот. Но, проблемот настанал со патниците што веќе биле во авионите од Јужна Африка до европските дестинации. Тие сега се заробени во авионите.
На социјалните мрежи се појави видео од патници во авион на аеродромот во Амстердам, на кои им било речено дека не смее да го напуштат авионот.
Net geland, maar mogen vliegtuig niet uit. #zuidafrika #vliegverbod pic.twitter.com/aqcV0GgLeu
— paula zimmerman (@paula63) November 26, 2021