August 10, 2022 21:44
Спорт

(Видео) Халанд се посрамоти против Ливерпул

Ливерпул го надигра англискиот фудбалски првак Манчестер сити и го совлада со 3:1 во битката за трофејот во Комјунити шилд пред стартот на новата премиерлигашка сезона. Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп стигна до трофејот кој му недостасуваше за време на престојот на „Енфилд“. Како еден од моментите кои се издвојува за ваквиот конечен исход од натпреаврот е и лошата игра на големото засилување за „граѓаните“,  Ерлинг Халанд кој се посрамоти на првиот официјален меч за новиот клуб.

Норвежанецот пристигна како големо засилување во Сити, меѓутоа против Ливерпул „гол-машината“ не рализира  неколку чисти ситуации поради што се најде на тапет за критика. Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер веднаш застана во негова одбрана „поздравувајќи“ ги кловновите кои прават шеги на сметка на Халанд.

Шеги за Халанд ќе има насекаде оваа недела по тоа промашување, исто како што беа за Нуњез минатата недела, од кловнови кои никогаш не шутнале топка во нивните животи – напиша Џејми на социјалните мрежи.