October 28, 2020 17:32
Спорт

(Видео) Фудбалер на Хамбург се качи на трибините да се пресмета со навивачите

На фудбалскиот натпреавр од Купот на Германија во Дрезден каде играа Динамо и Хамбург локалните власти дозволија  на трибините да се најдата 10.000 навивачи и во живо да го проследат мечот на нивните миленици. Домаќинот Динамо Дрезден славеше убедливо (4:1),  но овој натпреварот ќе се памети по инцидентот кој го предизвика фудбалерот на Хамбург, Тони Лајстнер.

Играчот од одбраната на гостите Лајстнер за време на натпреварот беше мета за провокации и навреди на домашните навивачи. Оваа ситуација неможеше да  ја контролила  Лајстнер кој во еден момент ја прескокна заштитната ограда и се качи на трибината за да се пресмета со навивачите на Динамо. Тој фати еден навивач на Динамо за шијата, но го пушти кога напомош му пристигнаа другите домашни навивачи.