November 30, 2020 02:45
Свет

(Видео) Француските католици протестираат против затворањето на црквите со мерките за ограничено движење

Стотици француски римокатолици се собраа низ целата земја во знак на протест против затворањето на француските цркви со мерките за за ограничено движење поради пандемијата на коронавирус, пренесува „Франсбле“.

Во текот на викендот се одржаа протести во повеќе градови низ целата земја со барање владата да дозволи да се одржат неделни миси. Демонстрантите пееја химни и молитви пред црквите.

Околу 250 католици се собраа во Рен, речиси стотина во Ремс, околу 300 во комуната Сен Жермен-ен-Леј, 400 во Нант, 600 во Версај, 300 во Бордо и 200 во Бурж и Тур, пренесува Франсблеу.

Во петокот, неколку стотици се собраа на плоштадот „Сен Сулпис“ во 6-от арондисман во Париз, а видеа од протестите беа споделени на социјалните мрежи.

Друг митинг беше планиран за вчера во Париз, но беше забранет од париската полиција.

Додека протестите во Париз беа забранети, други се одржаа о други градови, како Тулуз, каде што неколку стотици луѓе се собраа на плоштадот „Сен Етјен“ околу 16:30 часот.

„Никогаш во животот не сум протестирала “, рече една мајка која присуствуваше на протест со своите деца и додаде: „Следиме протоколи, а колку што знам, немало избувнување зараза во црквите. Ние сакаме да го побараме нашето право на миса. Ова е прашање на слобода на вероисповед“.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, исто така објави изјава во врска со протестите во која се вели:

„Се разбира дека слободата на вероисповед е многу важна, но животот е поважен од што било, а животот е борбата против коронавирусот“.

Дарманин додаде дека денеска ќе се состане со верските лидери за да разговара за можните услови што можат да доведат до можност повторно да се одржат верски церемонии, но истакна дека тие ќе зависат од здравствената состојба што се менува“.