January 19, 2021 06:54
Свет

(Видео) Француската полиција растури протестен камп со 450 мигранти во центарот на Париз

Полицијата во Париз расчисти привремен камп за мигранти поставен среде главниот град на Франција во судир со демонстрантите кои се залагаат за миграција. Демонстрантите велат дека мигрантите го поставиле кампот да побараат сместување, пренесува РТ.

Во понеделникот на Плас дела републик во центарот на Париз се појавија редици со идентични шатори. Кампот беше организиран од „Утопија56“, група за застапување мигранти, кои велат дека околу 450 мигранти во логорот останале без покрив над главата откако минатата недела полицијата истера 2.000 мигранти од паторскиот град во предградието Сен Дени.

Интервентната полиција набрзо пристигнала на местото и започнала со растурање на кампот.

Расчистувањето не помина без проблеми. Оние што одбија да заминат ги нападнаа полицајците, а демонстрантите кои дојдоа меѓу полицијата и шаторите беа пречекани со палки и со штитови. На местото биле присутни и некои членови на Советот на Париз и се обиделе да го запрат расчистувањето.

„Утопија56“ побара од француската влада да обезбеди 1.000 места за итно сместување за бездомните мигранти и ја повика државата да воспостави систем за постојан прием, за да се примат повеќе мигранти во земјата.

Вкупниот број нелегални мигранти кои живеат во Париз е непознат. Група за заштита на правата на мигрантите минатата година процени дека 2.000 спијат на улиците на француската престолнина, а владиниот извештај од 2018 година тврдеше дека помеѓу 150.000 и 400.000 живеат како бездомници или во сместување само во приградскиот регион Сен Сан Дени.