February 28, 2020 08:14
Свет

(Видео) Ураганот Доријан урна огромен кран врз зграда во Канада

Ураганот Доријан со намалена сила пристигна во канадската провинција Нова Шкотска еден ден откако направи пустош во Северна Каролина. „Ројтерс“ наведува дека властите ги повикале сите оние кои живеат близу брегот да се евакуираат и дека штом ќе пројде ураганот, ќе се активира и воската да помогне во санирање на штетите.

Иако ослабнат, моќта на Доријан не е за потценување, а тоа го докажува ова видео на кое се гледа како урива градежен кран , кој паднал врз зграда во главниот град Халифакс. За среќа никој не бил повреден.Во Нова Шкотска без струја се останати повеќе од 300.000 луѓе. Нема информации за повредени  луѓе за време на бурата.