December 6, 2022 22:56
Свет

(Видео) Украина објави видео: „Наш командант лично зароби руски тенк, сега го вози“

Украинската армија објави видео на социјалните мрежи за кое тврди дека го прикажува Павло Федошенко, командант на 92-та механизирана бригада, како со насмевка на лицето вози заробен руски тенк.

Во видеото се наведува дека Федошенко „лично“ фатил руски тенк. „Скај њуз“ пренесе дека станува збор за тенк Т-90, главен руски борбен тенк од третата генерација.

Ова не е прв тенк заробен од Украинците за време на неодамнешните молскавични контранапади на југот и североистокот на земјата. Во последните неколку недели, повеќе руски тенкови Т-72 и Т-80 беа додадени во украинскиот арсенал.