September 29, 2020 06:11
Свет

(Видео) Убедлива победа на Лукашенко, полицијата се судри со демонстранти во Минск

Белоруската полиција употреби солзавец против демонстрантите и започна апсења со цел да ги задуши протестите што избувнаа вечерва во Минск.

https://twitter.com/SVNewsAlerts/status/1292564784303546369?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1292564784303546369%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fbelorusija-sudiri-megu-politsijata-i-demonstrantite-vo-tsentarot-na-minsk%2F

Имено, големи групи демонстранти се собраа вечерва во Минск за да го искажат незадоволството од прелиминарните резултати од изборите, според кои досегашниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, води со скоро 80% од гласовите, јавуваат странските медиуми.

Противкандидатот, Светлана Тихановскаја беше на непозната локација до денеска кога се појави на гласачкото место.