December 6, 2019 21:45
Свет

(Видео) Три жртви на пожарите во Австралија

Најмалку три лица загинаа во пожарите во австралиската држава Нов Јужен Велс, а со огнот се борат повеќе од 1.000 пожарникари.

Најмалку седум лица се водат како исчезнати, а надлежните предупредуваат на катастрофална опасност од пожарите. Чадот стигнал и до Нов Зеланд, објави Си-ен-ен.

Утринава активни биле 64 пожари, од кои 40 сè уште не се локализирани. Изгореле околу 100 куќи.

Предупредувањето за катастрофална опасност е издадено за подрачјето на Сиднеј и Хантер, а на населението им се препорачува да ги избегнуваат подрачјата погодени со пожари.

Освен човечки жртви, се проценува дека настрадале околу 350 коали.

Нови вести

(видо) Меланија им читаше божикна приказна на деца во болница

Filip

Крајбрежната стража на Мавританија пресретнала брод со мигранти

Filip

Напаѓачот од базата во Пенсакола бил саудиски војник на обука, саудискиот крал му изразил сочуство на Трамп

Filip