June 19, 2019 05:47
Живот

(Видео) Тетовира 3Д-брадавици на жени што преживеале рак на дојка

Тетовира 3Д-брадавици на жени што преживеале рак на дојка

Откако неговата сестра преживеала рак на дојка, Вини Маерс, мајстор на тетоважи од Финксбург во САД, виде низ што сè поминуваат жените и какви последици остава мастектомијата на нивниот физички изглед, но и на психичкото здравје.

Потоа дојде до идеја да им помогне на жените кои преживеале рак на дојка, имале операција, и тогаш, меѓу другото, им се отстранети и брадавиците. Тој одлучи да им истетовира брадавици таму каде што треба да бидат и на тој начин даде свој мал придонес барем малку да им го разубави животот.

Gepostet von Vinnie Tattoothetatas Myers am Freitag, 8. Februar 2013

Брадавиците и ареолите Вини ги прави многу реалистични, тридимензионални, бидејќи користи повеќе нијанси и црта сенки. Тие се толку совршено нацртани што е тешко да се забележи дека не се реални.

Areola tattoos for cancer survivors

He's helping restore what cancer took from them. (via 60 Second Docs Presents)

Gepostet von Upworthy am Dienstag, 8. Januar 2019

Жените се одушевени од резултатот, на лицето им се појавува насмевка кога ќе се видат во огледало, некои дури и плачат од радост.

Досега тој има направено речиси 10 000 такви тетоважи.

Нови вести

Необичен љубовен пар: ТОЈ има 73 години, а ТАА 30 и имаат две мали деца!

24news

Две змии водат страстен љубовен танц во Кипар

24news

ВНИМАВАЈТЕ: Отровна риба почна да излегува на бреговите на овие острови во Грција, искасаната Србинка го сподели „пеколното“ искуство

24news