January 29, 2023 12:35
Свет

(Видео) Тесла го произведе својот прв камион на батерии

Компанијата за електрични впозила Тесла вчера го претстави својот прв полу-камион (камион со полуприколка) на батерии, околу три години подоцна од првично најавеното.

Претприемачот Илон Маск го претстави Семито вчера на настан во Невада.

„Изгледа како да дојде од иднината“, рекол Маск, а пренесува ДВ.

Маск првпат го претстави прототипот на Семи во 2017 година и рече дека ќе се појави на пазарот во 2019 година. Но, се чини дека има одложување поради проблеми со ограничувањата на батеријата.

Маск рече дека Семи може да помине околу 800 километри ако влече товар од 37.000 килограми. Неговата граница на тежина овозможува транспорт на над 14.969 килограми товар.

Се уште не е познато колку ќе чини Семи. Вообичаено, електричните камиони чинат околу 70% повеќе од дизелските. Сепак, тие се многу поекономични на долг рок, кога се гледаат заштедата на гориво и трошоците за одржување,пренесе Индекс.хр.