January 20, 2020 19:11
Свет

(Видео) Сцени како во Чернобил: Можеа да знаат дека вулканот ќе избувне

Туристичкиот водич Хајден Маршал-Иман беше прв идентификуван како жртва на ерупција на вулканот во Нов Зеланд, природна непогода во која загинаа шест лица, а осум се водат како исчезнати.

Идентитетот на Хајден го потврди неговиот брат, Марк Инман, кој рече дека починал правејќи го она што го сакал. Другиот загинат е турист од Малезија.

Во меѓувреме, социјалните мрежи се полни со прашања зошто на туристите им било дозволено дури и да го посетуваат островот познат и како Вакаари, кога вулканот избувна во понеделникот во 2:11 часот по локално време, при што се кренале во воздух пепел и пареа.

„Боже мој, вулканот на Белиот Остров избувна денес за прв пат од 2001 година. Моето семејство и јас го напуштивме островот 20 минути рано. Чекавме да се качиме на бродот назад кога видовме застрашувачка глетка“, рече еден турист кој заедно со своето сведочење на „Твитер“, приложи и видео кое го сними.

„Тешко е да се верува воопшто дека целата наша туристичка група буквално стоеше на работ на главниот кратер дури 30 минути пред ерупцијата“, рече сведокот со друго видео, оној пред ерупцијата.

Долгогодишниот болничар Русти Кларк бил во еден од спасувачките хеликоптери од Окланд, испратени на Белиот Остров.

„Голем облак од пепел можеше да се види од далеку, сцената над вулканот личеше на Чернобил“, рече болничарот.

Од 47 туристи, 34 биле спасени од островот, а 31 останале во болницата. Некои од нив беа тешко повредени. Шестмина загинаа, а осум се водат како исчезнати.

Нови вести

Oставка на уште еден министер поради убиството на новинарката на Малта

Filip

Помпео повика за соборување на МадуроПомпео повика за соборување на Мадуро

Filip

Заврши штрајкот во париското метро и државната железница во Франција

Filip