October 26, 2021 02:02
Балкан

(Видео) Судири помеѓу полицијата и мигрантитe во Бихач, повредени тројца полицајци

Најмалку тројца полицајци се повредени, а тројца мигранти се уапсени, кога силите на редот во Бихач, во Босна и Херцеговина, се обиделе да спроведат рација поради повеќе инциденти кои се случувале во објектот каде биле сместени, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што се наведува, полицајците биле нападнати за време на извршувањето на нивните редовни работи.
„За време на влегувањето во приватниот објект во центарот на Бихач, наидовме на отпор на лицата кои се таму сместени, при што беа повредени тројца полицајци. Исто така, тројца мигранти се уапсени и во тек е нивно процесуирање“ рекол портпаролот на МУП, Але Шиљдедиќ.

Тој објаснил дека се работело за координирана операција на повеќе жупаниски институции во надзор на приватниот објект во кој е сместена група од 135 мигранти, со кои властите изминатите денови имале повеќе инциденти.

Мигрантите ја оневозможувале полицијата во вршење на нејзините задачи, штителе насилници во нивните редови, додал Шиљдедиќ поради што имало и апсења.

Властите на Унско-санската жупанија најавиле дека сите мигранти кои нелегално се сместени во Бихач, ќе ги преместат на локација во Вучјак, на границата со Хрватска, на што пак се спротивставија хрватските мештани од селата Жегара, Ведро Поле и Заваља, кои живеат на ова место.

Otona no Bouguya-san (Rimen) (https://wcostream.cc/m/Rn4r) Episode 3

Aria the Scarlet Ammo (Dub) (https://animeheaven.pro/m/Zqdz) Episode 12

4Anime: Hiiro no Kakera: The Tamayori Princess Saga anime episode 13 online free at https://4anime.biz anime

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

The-dots: https://the-dots.com/users/anime-freak-1095690

Sqlservercentral: https://www.sqlservercentral.com/forums/user/kissanimemx