April 2, 2020 18:13
Балкан

(Видео) Судири меѓу полицијата и мигрантите на границата меѓу Грција и Турција

Граничарите на североисточната граница на Грција со Турција со солзавец ги растерале мигрантите од Сирија кои се обиделе да ја преминат границата.

Околу 500 мигранти се обиделе да влезат во Грција кога Анкара ја намали контролата, односно одлучи веќе да не ги запира бегалците од Сирија, кои по копно и море се обидуваат да стигнат во Европа.

„Турските граничари исчезнаа ова утро“, соопшти градоначалникот на Орестијада, Василис Маврадис, додавајќи дека група мигранти се обиделе да влезат преку преминот Кастањес.