Македонија

(Видео) Стоилкоски: Оставката на Котевски не смее да биде замена за истрага за случајот на тепани поранешни министри

Во Македонија нема демократија. Ова е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Столковски, во изјава пред Министерството за правада.

Како што рече тој, сето ова е само за да се спречи опозициско мислење и делување.

Тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски е акт на деспотизам што не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е тежок срам за држава на европско тло. Секој што има барем малку здраворазумие во себе знае дека со оставката на директорот на Истражниот затвор не смее да се забошоти случајот со тепањето на поранешните министри“, истакна партискиот портпарол.

Стоилкоски нагласи дека оставката на Ѓоко Котевски не смее да биде замена за истрага за случајот и доаѓање до вистината за тоа кој стои зад овој, како што рече, грозоморен чин.

„Кои се организаторите, кои се нарачателите? Одговори на овие прашања не смеат да бидат заборавени или да потонат во сенката на оставката на Котевски. Одговорност за физичките напади врз Јанакиески и Ристовски мора да понесат и Зоран Заев и Рената Десковска“, рече портпаролот и додаде дека Македонија е заробеник на систем во којшто Зоран Заев и, како што кажа, неговата криминална банда си дозволуваат притворање на политички неистомисленици за потоа да бидат изложени врз тепање и насилство.

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

dubbed anime AnimeDao Attack on Titan Season 3

online anime Attack on Titan (Dub)

AnimeDao Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

Death Note (Dub)

My Hero Academia Season 2 (Dub) Episode 24