January 16, 2019 01:01
Македонија

(Видео) Стоилковски: Заев губи контрола, се закани дека Спасовски ќе апси лидер на опозиција

Единствена вистинска катастрофа во оваа држава е Зоран Заев и неговата политика, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, НАум Стоилковски. „Единствена катастрофа во Македонија во делот на предавството на национални и државни интереси, во делот на економијата, здравството, образованието, земјоделството е токму Зоран Заев“, изјави Стоилковски.

На денешната прес конференција Зоран Заев соопшти најмалку една лага, и реализираше една закана. Првата лага е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се заканувал кон пратениците. Гуруто за уцени, закани преку злоупотреба на судскиот и обвинителскиот систем и за ниски пазарења во оваа држава е токму Зоран Заев. Првиот доказ за тоа е како обезбедува двотретинско мнозинство во Собранието за насилна смена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Втората лага е дека Мицкоски нешто различно ветувал од тоа што го говори во јавноста. Единствениот кој отворено лаже, манипулира и замајува на отворена сцена е токму Зоран Заев. И тоа го лаже народот, безочно, безобразно, без грам морал. Колку само ветувања не исполни, а сетете се колку само удирања во гради имаше дека нема да го менува Уставот“, изјави на прес-конфенрецијата Наум Стоилковски.

Заев, вели Стоилковски денеска директно се закани дека Спасовски ќе апси лидер на опозиција.

„Ова е доказ дека Заев губи контрола. Човек кој што на овој начин се заканува е најдобар показател дека е уплашен човек“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

За долг од еден денар скопјанец треба да плати 12.439 на извршител

24info

Проект на УСАИД: Меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Igor

Синоптичарите најавуваат облилни врнежи – снег ќе ја прекрие Македонија

24news