November 30, 2021 09:54
Спорт

(Видео) Стеф Кари го наполни кошот на ЛА Клиперс

Актуелниот шампион Милвоки доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Мајами од 42 поени разлика, 137:95. Кошаркарите на Мајами дилемите околу победникот ги решија во првата четвртина која ја добија со 40:17.

Тајлер Хироу со 27 поени беше најдобар кај „жешките“, Џими Батлер постигна 21, додека Бем Адебајо имаше дабл-дабл од 20 поени и 13 скокови. Кај Милвоки, Јанис Адетокумпо беше прв стрелец со 15 поени и 10 скокови.

Кошаркарите на Голден Стејт по триумфот на стартот од сезоната над ЛА Лејкерс, сега го совладаа и вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси и тоа со 115:113. Овој пат „воините“ славеа на домашен терен, а иако во одреден момент имаа и 19 поени преднос, победата ја обезбедија во последната минута. Стеф Кари погоди две тројки по ред за водство на Голден Стејт од 111:109, а потоа Дрејмонд Грин и токму Кари од линијата за слободни фрлања ја обезбедија победата.
Стеф Кари беше неверојатен со 45 поени и 10 скокови, Ендрју Вигинс даде 17 поени за Голден Стејт, додека кај ЛА Клиперс Пол Џорџ имаше учинок од 29 поени и 11 асистенции.

Атланта беше убедлива против Далас (113:87), во првиот натпревар на домашен терен во новата сезона. „Јастребите“ од стартот на втората четвртина го презедоа водството, а одлучувачката предност ја направија во третата четвртина кога со серијата од 15:0 дојдоа до недостижни 70:49.
Кем Редиш со 20 поени беше најпрецизен кај Атланта каде се истакна и Тре Јанг со 19 поени и 14 асистенции, додека кај Далас Лука Дончиќ имаше 18 поени и 11 скокови.

Резултати:
Атланта – Далас 113:87
Мајами – Милвоки 137:95
Голден стејт – ЛА Клиперс 115:113

High-Rise Invasion (Dub) (https://wcostream.cc/m/MWVJ) Episode 12

Website https://twistmoe.net: Watch Planetarian twistmoe Episode 5 anime websites

Website https://animekisa.in: Watch Mega Man Star Force animekisa Episode 55 anime stream

Free! -Timeless Medley- The Bond (Dub) Episode Full

AnimeHeaven: Fairy Tail Series 2 (Dub) anime episode 102 online free at https://animeheaven.pro animeheaven unblocked