November 14, 2019 00:38
Магазин

(Видео) Според фановите, Хари Стајлс со новиот сингл ја открива својата сексуална ориентација

Англискиот пејач Хари Стajлс објави видео за синглот „Lights Up“, кое го прикажува во сензуални допири со момчиња и девојчиња на забава, што многумина го разбираат како порака за неговата сексуалност.

Ова е прв сингл на Хари по две години, а фановите имаат многу прашања. Во август тој објави дека неговата нова музика е за секс и за чувството на тага, па во таа смисла „Lights Up“ не разочара.

Покрај забавата со испотени, полуголи луѓе, во видеото е прикажан Стајлс како се вози во задниот дел на мотоцикл, свртен со грбот.

Бидејќи пејачот никогаш не зборуваше конкретно за својата сексуална ориентација, фановите мислат дека со ова видео им кажува дека е бисексуалец, гласина која трае со години.

Нови вести

Трансродова актерка ги покри интимните делови со црни ленти

zane

Личната помошничка на кралицата Елизабета откри дека користи џин за накитот на нејзиното Височество да има висок сјај

Valentina

Џон Леџенд прогласен за најсексапилен маж на светот

Valentina