October 29, 2020 15:20
Свет

(Видео) Соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Властите во регионот Нагорно-Карабах во Азербејџан, каде живее мнозинство ерменско население, соопштија дека загинаа уште 26 нивни војници. Ерменските и азербејџанските сили неколку дена по ред разменуваат жесток оган околу територијата на Нагорно-Карабах.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за употреба на тешка артилерија.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно Карабах продолжува и секоја понатамошна ескалација би ги вклучила Турција и Русија во конфликтот, јавуваат агенциите.

Русија има одбранбен сојуз со Ерменија, а Турција ја поддржува нејзината етничка заедница во Азербејџан, пишува Ројтерс.

Властите во регионот на Нагорно-Карабах во Азербејџанх, каде има мнозинство Ррменци, тврдат дека 85 нивни војници биле убиени во судирите со азербејџанските сили. Претходно, од Азербејџан беше објавено дека Ерменија претрпе големи загуби првиот ден – 550 мртви и ранети.

Конечниот број на жртви од обете страни сè уште не е утврден.