April 20, 2021 10:35
Балкан

(Видео) Снимки од силниот земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Тесалија во централниот дел на Грција, пренесуваат грчките медиуми.

Според податоците објавени на веб-страницата emsc-csem.org земјотресот се случил во 10 часот и 16 минути по локално време, односно во 11 часот и 16 минути по македонско време.

Според специјализираните сајтови за следење земјотреси, епицентарот бил 15 километри од Еласона, град во округот Лариса, на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви и штети.

Според Геодинамичкиот институт следувале силни последователни потреси неколку минути по првиот земјотрес и тоа со магнитуди од 4,7 степени, 4,2 и 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Тамошните медиуми пренесуваат дека на некои места имало лизгање на земјиштето во областа Кастраки, како и на националниот пат од Лариса до Еласона.