February 2, 2023 22:06
Свет

(Видео) Снимен моментот во кој момче му го одзема оружјето на убиецот на 11лица во Калифорнија лица

Ен-Би-Си Њуз објави надзорна снимка на која се гледа како 26-годишниот Брајан Чај, по борба, го одзема пиштолот од напаѓачот кој уби 11 луѓе во сала за танцување во Монтереј Парк, Калифорнија во саботата вечерта и го спречува да продолжи да убива.

На видеото се гледа како Брајан се бори со маж облечен во темна облека и со капа на главата и успева да му го одземе оружјето. Оружјето е опишано како „полуавтоматски јуришен пиштол“.

„Тоа беше моментот кога всушност се замрзнав, затоа што верував дека ќе умрам, како мојот живот да завршува тука, токму во тој момент. Но, се случи нешто неверојатно, чудо всушност. Тој се обидуваше да подготви оружје за да може да пука во сите, но тогаш ми падна на памет дека ова е моментот да го разоружам. Можев да направам нешто што ќе може да ги заштити сите и потенцијално да се спасам себеси, изјави Чај за NBC News.

Тој рече дека се чини дека напаѓачот, Ху Кан Тран(72), имал намера да продолжи со убиствата.

Кога влезе, не кажа ништо. Немаше израз на лицето. Гледаше наоколу обидувајќи се да најде луѓе, да ја извиди областа“, рече Чај.

Мотивот зад масовното пукање во саботата вечерта е нејасен. Ху Кан Тран подоцна изврши самоубиство.